Спортскиот директор Мончи ќе ги следи стапките на Еузебио ди Франческо и ќе го напушти тимот на Рома по елиминацијата на „волчицата“ во осминафиналето од Лигата на шампионите. Шпанецот пристигна од Севилја најавуван како „мозок“ на трансфер-берзата, но не ги донесе посакуваните резултати, поради што и челниците на клубот веќе не се бореа да го задржат откако Арсенал искажа сериозен интерес за неговите услуги.
Сепак за разлика од поранешниот стратег на „Волчицата“, Мончи по Рома, заминува за Лондон каде што во екипата на Арсенал ќе ја преземе истата функција. Мончи имаше договор со Рома до 2021 година, но ќе биде разрешен од должноста и тоа за обештетување од еден и пол милиони евра кои што ќе ги плати лондонскиот великан.
За нов тренер на Рома е назначен Клаудио Раниери, додека во игра за наследник на Мончи се неговиот претходник Сабатини и клупската икона Франческо Тоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА