По Евролигата, се „затвора“ и Еврокупот – само „привилигирани“ од следната година

Претставници на тринаесет клуба кои учествуваа во овогодишната сезона во Еврокупот, меѓу кои беа Партизан, Цедецита Олимпија и Будуќност од нашиот регион, денеска преку видео конференција дебатираа за предлозите на Управниот одбор на лигата во однос на промена на системот на натпреварување за следната сезона, меѓу кои и предлогот за воведување на тригодишни лиценси за 16 учесници.

Идејата е од сезоната 2021/22, 20 тима да бидат поделени во две групи по десет тима од кои 16 клуба би учествувале согласно со добиените лиценси, додека четири клуба би го нашле своето место во второто по ранг натпреварување во Европа преку „вајлд-карта“. Во втората фаза на натпреварувањето би се нашле осумтте првопласирани тима кои би разигрувале од осминафинале.

Конечната одлука ќе биде донесена од страна на раководството на Евролигата, а засега останува непознато колку клуба од АБА лигата би се натпреварувале во континенталното натпреварување следната сезона. Како потсетување во последната деценија единствен наш клуб кој заигра во Евокупот беше МЗТ Скопје во сезоните 2013/14 и 2016/17.

 

Се вчитува...