Франција го враќа „отпишаниот“ Ертел во репрезентацијата

Кошаркарската репрезентација на Франција доживеа фијаско на последното Светско првенство кое беше одржано во Јапонија, Филипини и Индонезија. „Триколорите“ беа претенденти за највисок пласман, но натпреварувањето го завршија на 18. место по дебаклот уште во групната фаза.

Капитенот на Французите, искусниот Николас Батум по настапот на собирот на најдобрите репрезентации на светот упати остри критики кон власта во Франција која не дозволи учество на еден од подобрите тамошни кошаркари, Томас Ертел поради тоа што настапува за рускиот клуб Зенит.

Интересно, забраната не е важи за сите француски спортисти кои настапуваат во Русија, па така либерото на женската одбојкарска репрезентација Џена Гребеников не беше „отпишана“ како Ертел.

Со цел смирување на ситуацијата, како и дополнување на силите пред Летните олимписки игри кои во 2024 година ќе се одржат во Париз, претседателот на кошаркарската репрезентација, Жан-Пјер Сиутат откри дека ќе бидат превземени неопходни постапки за Ертел одново да го обелече репрезентативниот дрес.

„Работиме на политичко ниво за изнаоѓање на решение кое ќе му дозволи да игра повторно за репрезентацијата. Мораме повторно да бидеме тим за да постигнеме успех“, изјави Сиутат.

Се вчитува...