Спортските санкции кон Русија продолжуваат, а откако Санкт Петерсбург остана без финалето во Лигата на Шампионите, нема да се одржи ниту Големата награда на Русија во Форума 1, потврди раководството на најбрзото натпреварување во светот.
Според Форума 1 невозможно е да се одржи трка во овие околности па Големата награда на Русија која трабаше да се вози на 25. март нема да биде на програмата.
A statement on the Russian Grand Prix pic.twitter.com/OZbbu9Z8ip
— Formula 1 (@F1) February 25, 2022
Претходно и тимот на Хас го отстрани рускиот спонзор од својот тим со што промени ќе претрпи и болидот кој засега е во боите на руското знаме, а останува неизвесно дали рускиот возач Никита Мазепин ќе вози во новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА