По Гасол и во следните сезони ќе остане во редовите на Сан Антонио, потпишувајќи нов договор со екипата на Грег Попович, со што ќе остане дел од НБА-лигата до 40-годишна возраст.
Како што пренесува американскиот ЕСПН, 37-годишниот репрезентативец на Шпанија потпишал нов тригодишен договор со Спарси, влегувајќи сега во својата 17-та НБА сезона. Досега во кариерата просечно бележеше 17,9 поени по натпревар.
Екипата на Сан Антонио претходно ангажираше и тројца нови кошаркари, Руди Геј, Брендон Пол и Џефри Ловерњ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА