Огромната природна катастрофа која ја погоди Босна и Херцеговина со поплавите кои однесоа 15 животи, сосема очекувано го запре и комплетниот спорт во БиХ.
И Фудбалската федерација на БиХ одлучи да го одложи комплетното викенд коло во сите лиги, а откажани се натпреварите и од другите екипни спортови.
Со поплавите во БиХ уништен е магистралниот пат М-17 Јабланица – Мостар, а исклучително тешка е ситуацијата и во Долна Јабланица, Киселјак и Бутуровиќ поле.
Владата на БиХ денеска прогласи состојба на природна катастрофа предизвикана од поплави и лизгалишта, поради што се запираат и спортските активности.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА