Реал Мадрид има лош старт на новата сезона. По поразот од Уникаха во Суперкупот на Шпанија и драматичниот пораз од Ла Коруња во домашното првенство ќе биде доделен и првиот отказ, откриваат медиумите во Шпанија.
Цехот ќе го плати Ксавиер Рејтан Мејс, искусниот бек кој направи сензационален трансфер изминатото лето и од руски Енисеј се пресели во „кралскиот клуб“.
Канаѓанецот не само што беше очаен во првите два натпревари во сезоната, успеал и да влезе во конфликт со ветераните и лидерите на шпанскиот клуб па ја „прелил чашата“.
Со неговиот отказ се отвара место за ангажман на нов кошаркар кој не доаѓа од Европската унија па се очекува одново Реал Мадрид да биде активен на трансфер маркетот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА