По лошиот старт на сезоната Реал Мадрид се засилува од НБА

По лошиот старт на сезоната и половичниот успех во Евролигата и шпанското првенство Реал Мадрид цели на засилувања, а еден од можните кандидати е Лони Вокер.

Вокер последните шест сезони ги помина во НБА лигата настапувајќи за Сан Антонио, ЛА Лејкерс и Бруклин Нетс, но остана без клуб по крајот на сезоната. Во претсезоната доби шанса од актуелниот шампион Бостон, кој сепак нема да го задржи за сезоната.

Дваесетипетгодишникот ја покрива позицијата бек шутер и досега одигра вкупно 322 натпреари во НБА лигата бележејќи просек од 9.8 поени, 2.3 скокови и 1.5 асистенции за просечно 20.3 минути поминати на теренот.

Се вчитува...