Јужноамериканската фудбалска федерација (КОНМЕБОЛ) го казни бразилскиот репрезентативец Габриел Жезус со двомесечна суспензија поради неговото однесување на финалниот меч на Копа Америка против Перу.
Жезус на средината на второто полувреме доби втор жолт картон, по што почна да испраќа сигнали како судијата е подмитен, а за малку додека го напушташе теренот во солзи ќе го скршеше и ВАР мониторот.
Поради суспензијата Габрел Жезус ќе ги пропушти натпреварите на репрезентацијата на Бразил против Парагвај и Перу кои ќе се играат следниот месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА