Хајдук Сплит никако да стигне до титулата во хрватскиот шампионат. И така, годините минуваат, а навивачите на сплитскиот тим веќе 19 години чекаат на нова домашна титула. Куп трофеј се појавува од време на време, но онаа најблескавата – шампионската никако да дојде.
Следната сезона „белите“ имаат намера да дојдат до рушење на проклетството. Вчера тимот го назначи искусниот италијански стручњак Џенаро Гатузо за нов тренер, Никола Калиниќ некогашниот хрватски репрезентативец стана спортски директор, а сега се бараат и засилувања.
Наводно прво Хајдук го контактирал Един Џеко, кој во моментов игра за Фенербахче, а веќе денеска се појави информација дека и некогашниот репрезентативец на Хрватска, Иван Ракитиќ би можел да дојде во Сплит. Тоа се две големи имиња, искусни со играње во топ лигите во Европа, а за потсетување дека Хајдук го има и Иван Перишиќ.
Тоа значи дека македонскиот репрезентативец Александар Трајковски околу себе идната сезона ќе има добро проверени играчи кои ќе имаат цел да дојдат до толку посакуваниот трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА