По непријатностите од Исланд, Германија со нова авиокомпанија ќе лета кон Македонија

После враќањето од Исланд, репрезентацијата на Германија се соочи со непријатности во летот, па експедицијата мораше да слета во Шкотска, во Единбург, па да го продолжи патувањето, кое траеше 14 часа.

Германската фудбалска федерација не остава ништо на случајноста, па така наместо со досегашната авиокомпанија, Германија се одлучи кон Скопје да лета со Австриан Ерлајнс, пишува Билд.

Експедицијата на Германија во недела со чартер од Хамбург ќе допатува во Македонија.

Досега Германија леташе со литванската компанија „Клас Џет“, но веднаш по инцидентот германската федерација се одлучи да менува.

Се вчитува...