Враќањето на Жељко Обрадовиќ на клупата на Партизан најави и враќање на славата на „црно-белите“ кои во минатото доминираа на „Јадранот“ и беа стандарден учесник во Евролигата. Јасно е дека со еден од најдобрите тренери на сите времиња, белградскиот тим повторно ќе биде топ локација за кошаркарските ѕвезди, а тоа се потврди и денеска со потписот на Кевин Пантер.
Доскорешниот играч на евролигашот Олимпија Милано во Белград пристигнува како еден од најдобрите играчи во најсилното кошаркарско натпреварување во Европа каде бележеше просек од 14.3 поени по натпревар и беше еден од најзаслужните за тоа што италијанскиот тим успеа да избори место на Ф4 турнирот.
.@KPJunior_ je prvo pojačanje crno-belog tima ovog leta!
📑https://t.co/nOuIZcl1PQ#KKPartizan #ABALiga #7DaysEuroCup pic.twitter.com/w9VUmF1p3Z
— KK Partizan NIS (@PartizanBC) July 2, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА