По вчерашниот пораз од Вардар пред своите навивачи АП Брера Струмица сега е „фенерџијата“ во најсилната домашна лига, како најслаба екипа според резултатите низ пролетниот дел од сезоната.
Па, токму поради тоа тренерот Тони Атанасов си поднесе оставка од функцијата шеф на стручен штаб, како резултат на шестиот пораз во осмиот натпревар откако застана на чело на тимот. Атанасов освои само два бода со Брера во Првата лига, ремија само со Пелистер и со Гостивар, што значеше и повлекување од тренерското место.
Брера сега ќе го добие и четвртиот тренер сезонава, откако претходно струмичани беа водени и од Круљ и Михајлов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА