По одбивањето од Лопетеги, Вулверхемптон се врти кон Солскјер?

Хулен Лопетеги ги прекина преговорите со Вулверхептон, и сосема е јасно дека Шпанецот нема да биде тренер на „волците“. Не е позната причината зошто Лопетеги така лесно се откажа од договор, а сега Премиерлигашот е во потрага по нов тренер.

Во англиските медиуми се шпекулира дека еден од кандидатите е и поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер. Солскјер е без работа откако доби отказ од Јунајтед во ноември минатата година. Иако беше поврзуван со неколку клубови, сепак, Норвежанецот и натаму е без клуб, и сега е подготвен да се врати на тренерскта работа.

Вулверхемптон исто така водеше преговори уште со неколку менаџери, меѓу кои и со Роб Едвардс, поранешниот предводник на Ватфорд, а беше заинтересирана и за менаџерот на Спортинг, Рубен Аморим.

Се вчитува...