Светот на фудбалот овие денови е преокупиран со новите лица во Мароко, кои ја донесоа оваа селекција во полуфиналето, што беше најголем успех за оваа репрезентација, но и за една африканската селекција.
Еден од оние кои блеска во Катар е „осмицата на Мароко“ како што го нарече шпанскиот селектор Луис Енрике. Станува збор за Азедин Оунахи, а сега лесно може да направи трансфер и тоа не било каде, туку во Барселона.
Унахи има 22 години и игра за Анже, а во Катар најмногу воодушеви со тоа што многу трча, агресивен е, и но и сигурен на топка.
Сето тоа го забележале скаути на Барселона кои го запишале во тефтерот за зимскиот преоден рок. Првите желби на „Каталонците“ Бернардо Силва и Илкај Гундоган, се недостижни, па така Унахи се појави како „дер од небото“. Згора на тоа Барселона не би требало да одвои големи пари, со оглед дека Анже е последнопласиран тим на табелата во Франција.
Инаку пред неколку месеци Оунахи го продолжи договорот со францускиот клуб до 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА