Претседателот на кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ се обрати на јавноста првпат пат откако тренерот Жељко Обрадовиќ поднесе оставка од местото тренер на „црно-белите“.
Српските медиуми објавуваат дека Мијаиловиќ најавил дека ќе бидат раскинувани договори со кошаркарите, поради тоа што, како што рече, не го слушале тренерот Обрадовиќ, но и дека се одлучиле да „бојкотираат“ после серијата од 25-0 на Панатинаикос.
„Жељко рече дека ги испланирал акциите, но тие не сакале да ги спроведат. Никој не знае зошто. Раководството никогаш не разговара со играчите. Јас прифатив, пред да заминам за Атина реков дека ќе разговарам со нив, за да се уверам дека е сериозно и дека мора да ги почитуваат клаузулите во договорот. Таа средба никогаш не се случи бидејќи Жељко поднесе оставка. Никој не може да претпостави што се случило меѓу играчите и тренерот. Кога нè прегрна и ни посака среќа, му реков дека не сум се откажал и дека ќе го повикам. Му се јавив на Киќановиќ, кој беше во Златибор, дека мора да дојде. Потоа Киќа разговараше со Жељко по телефон и рече дека тоа е негова конечна одлука. Секој што го контактирав се обидуваше да го врати. Една од трите цели беше дисциплината. Од самиот почеток им изрекувавме казни на сите играчи кои ги кршеа правилата. Членовите на стручниот штаб ми кажаа дека некои играчи ги пцуеле тренерите. Во следниот период ќе раскинуваме договори со играчи. Сите плати се исплатени, клубот е стабилен, но не го почитуваат стручниот штаб, а тоа беше очигледно во резултатите. Серијата 25-0 е бојкот“, рече Мијаиловиќ.
Претседателот на Партизан исто така рече дека на Обрадовиќ му било понудено било каква функција во клубот. Исто така надополни дека стравува како ќе реагираат навивачите во четврток, кога Партизан треба да игра меч во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

