Раководството на Јувентус се одлучи да му врачи отказ на Игор Тудор по серијата на лоши резултати во последниот период и покрај тоа што храватскиот стратег беше оној кој го спаси тимот минатата сезона и му донесе место во Лигата на Шампиони.
Заминувањето на Тудор носи и отежнителна финансиска ситуација во Торино бидејќи сега „страта дама“ ќе мора да плаќа три тренери истовремено: новиот кој ќе го замени Хрватот, Игор Тудор и неговиот претходник Тијаго Мота.
Јувентус веќе „резервираше“ 16.3 милиони евра за покривање на платата на Мота и неговиот стручен штаб. Оваа сума мора да биде исплатена во целост до истекот на неговиот важечки договор до 2027 година, освен ако Мота во меѓувреме не најде нов ангажман.
И договорот на Тудор е со важност до крајот на сезоната во 2027 година со тоа што на Хрватот му следат 11 милиони евра (5.5 милиони евра бруто по сезона), не вклучувајќи ја платата на стручниот штаб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

