Леандро Парадес веќе е нов играч на Рома, но Мурињо тука не застанува. Ќе ангажира уште еден играч од средниот ред и тоа за малку пари.
Станува збор за португалскиот фудбалер Ренато Санчез, кој што ќе дојде од ПСЖ. Најпрво во Рим Санчез ќе замине како позајмен играч, по што „волчицата“ ќе плати 1 милион евра, а на крајот од сезоната Мурињо ќе може да го откупи за 15 милиони евра. Откупот е задолжителен ако Санчез одигра 60% од натпреварите за Рома.
Рома пред неколку дена го испрати Немања Матиќ во Рен, и успеа на негово место да ангажира двајца фудбалери. Рома и натаму е во потрага по напаѓач како замена за Тејми Абрахам кој поради повреда ќе отсуствува долго време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА