УЕФА сериозно размислува да ги забрза плановите за воведување на ВАР-технологија на натпреварите од Лигата на шампионите, по огромниот „кикс“ на Виктор Касаи и подарениот пенал на Манчестер сити откако Рахим Стерлинг самиот се сопна, а унгарскиот стратег сепак покажа на белата точка.
Извршниот Одбор на УЕФА донесе одлука ВАР да биде воведен во ЛШ од почетокот на сезоната 2019/2020, но сега претседателот Чеферин сериозно размислува технологијата да се воведе од почетокот на нокаут фазата, од февруари 2019 година. Словенецот и самиот е свесен дека судиите зад головите се апсолутно промашување и треба што поскоро да се воведе ВАР. Неколку месеци наназад голем број на арбитри се подготвуваат за следење на средбите преку десетина камери и експресно помагање на главните судии.
Чеферин и соработниците сметаат дека целата работа може да се забрза меѓу другото и бидејќи од февруари во ЛШ ќе се играат најмногу по четири натпревари секоја седмица, а УЕФА би имала доволно квалитетни и максимално подготвени судии за да ги покрие овие средби.
Оваа одлука би можела да се донесе на почетокот на декември, за кога е закажана следната седница на Извршниот одбор на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА