Веднаш по поразот од Башкими од 0-2 во бараж-пресметката за пополнување на Првата лига, од раководството на Беса со информација дека се откажуваат од настапите во Втората македонска фудбалска лига следната сезона.
Сопствениците на Беса одлучиле повеќе да не инвестираат во првиот тим, па во иднина единствениот фокус на тимот ќе биде младинската академија.
„Сопствениците на клубот Беса 1976 најавуваат повлекување од инвестирањето во првиот тим. Академијата на клубот во иднина останува единствениот фокус! По долг период на посветеност и пожртвуваност за нашиот сакан клуб, одлучено е дека од денес екипата нема да се натпреварува во Втора лига следната сезона, фокусот ќе биде фокусиран само на младинската академија. Благодарност до сите играчи, тренери. Во овој момент на разделба, ја чувствуваме обврската и посакуваме од срце да се заблагодариме на секој навивач кој не поддржуваше, во добро и во лошо, на секој играч кој го носеше дресот, тренерите и техничкиот кадар, соработниците, спонзорите и секој кој го има и најмалиот придонес во нашето патување“ – се вели во соопштението од сопствениците на Беса.
Со тоа, веќе е јасно дека Втората македонска фудбалска лига за следната 2025/26 сезона, по откажувањето претходно и на Гостивар и на Воска Спорт, ќе биде пополнета со Осогово, Преспа и Големо Коњари, кои загубија во баражите, но ќе бидат второлигаши следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

