По примерот на ПСЖ и газдите на Тотенхем со ултиматум до Хари Кејн

Турболентното лето за едни од најдобрите голгетери на денешницата Килијан Мбапе и Хари Кејн продолжува понатаму. По ултиматумот кој го доби 24-годишниот Французин да потпише нов договор или да замине иста иднина го очекува и постариот 30-годишен колега.

Кејн влегува во последната година од договорот со Тотенхен и нема намера да го продолжи истиот со оглед на катастрофалните резултати кои ги бележи клубот од Лондон. Со тоа репрезентативецот на Англија изразил револт кај раководството на клубот кое доколку не заработи од негов трансфер ова лето нема да успее да ја добие посакуваната сума во јануари, а и ризикува да остане без обесштетување во јуни 2024 година.

За Кејн голем интерес покажаа три европски клубови – Баерн Минхен, Манчетер Јунајтед и ПСЖ, а според последните информации баварците се подготвени да издвојат 100 милиони евра за неговите услуги. Во меѓувреме, германските медиуми открија дека сопругата на Кејн веќе е во Минхен каде го бара новиот дом што дополнително ги зголеми шансите за заминување.

Се вчитува...