Одбојкарската репрезентација на Македонија се врати во Скопје, по целото хорор патешествие кое го имаа вчера по враќањето од Белгија каде настапија во Европската Златна лига.
Имено, одбојкарите вчера се враќаа во нашата земја по настапот на вториот турнир од Златната лига во Белгија, а летот од Цирих до Скопје неочекувано беше запрен по неверојатна случка – гром удри во авионот за време на летот.
Поради ова, пилотот решил веднаш да се врати назад во Цирих каде принудно слета, за среќа без посериозни проблеми. Нашите одбојкари беа сместени во хотел, а денеска наутро со нов лет веќе стигнаа во Скопје.
„Навистина неверојатна ситуација, додека летавме со авионот удри гром во него и пилотот реши да се врати во Цирих. Не беше пријатно кога слушнавме што се случи, видовме силна светлина во непосредна близина“, изјави вчера за ЕКИПА капитенот Никола Ѓоргиев.
Утрово македонските одбојкари слетаа во Скопје и порачаа: „Посилни од громовите…“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА