Борусија Дортмунд е на разочарувачко место во Бундеслигата. Иако тимот може да ја спаси сезоната со успех во Лигата на шампионите, каде е во 1/4 финалето, сепак, тешко е да се верува дека тимот на „милионерите“ ќе ја повтори минатата сезона кога играше финале во ова натпреварување.
Токму од тука тимот од Дортмунд веќе планира промени во раководните структурите. Според германските медиуми, се поизвесен е ангажман на Ралф Рангник во таборот на „милионерите“ и тоа како спортски директор, на местото на Себастијан Кел.
Навивачите и раководството не се задоволни од работата на Кел, па сакаат да го сменат и на негово место да го донесат Рангник. Рангник исто така беше во опција и за тренер, но тој не сакаше да ја напушти селекторската функција на Австрија. Сега наводно бил заинтересиран за работата во Дортмунд, па наскоро ќе биде познат ихсодот од преговорите.
Рангник во минатото работеше како спортски директор во Шалке и во Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА