По разочарувачката сезона Интер останува без тренерот!?

Интер до пред самиот крај на сезоната беше во битка за три трофеи, но на крајот на успеа да се закити со ниту еден. „Нероаѕурите“ беа поразени во Суперкуп финалето, претрпеа елиминација во полуфиналето во Купот на Италија, за бод ја загубија и титулата во Серија А и претрпеа дебакл во финалето во Лигата на Шампионите.

Разочарувачката сезона може да донесе тектонски промени во Милано и не само во ростерот на кој му е потребно подмладување, туку и на клупата со оглед на интересот за Симоне Инзаги од Ал Хилал.

Италијанскиот стратег ќе се сретне со раководството на Интер во текот на денот по што ќе биде одлучена неговата иднина. Саудискиот клуб е самоуверен во намерата да го ангажира тренерот кој со успех го предводи гигантот од 2021 година.

Ал Хилал му вети на Инзаги четири пати повисока плата од онаа што ја зема во Милано, но и буџет за носење на четири врвни ѕвезди од европскиот фудбал, со што би бил формиран дрим-тим со кој Ал Хилал би атакувал на сите трофеи на саудиската, но и на азиската фудбалска сцена.

Се вчитува...