Благодарение на артистот Емануел Сантос, кој ја направи статуата на Роналдо, уште една мега-ѕвезда на Реал Мадрид може да се пофали со биста. Овој пат Герет Бејл се најде во улога на модел, а Сантос не потфрли како во случајот со најдобриот фудбалер во светот, Кристијано Роналдо.
Изработката за оваа биста е под иницијатива на „Педи Пауер“ – ирскиот ланец на обложувалници, а ја нарачаа во чест на враќањето на Бејл во Кардиф, Велс, за финалето од Лигата на шампиони. Статуата ќе биде изложена во „Педи Пауер“ продавницата во Кардиф се’ до недела, ден по финалето од европскиот куп.
Сантос истакна дека е горд и пресреќен за изработката, додавајќи дека му требале 264 часа за да ја комплетира бистата која тежи 40 килограми и вреди 25,000 фунти. Иако Бејл засега ја нема видено скулптурата, Сантос се надева дека тоа ќе биде изненадување за него во Кардиф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА