Грчкиот тенисер Стефанос Циципас неочекувано беше елиминиран од Ролан Гарос веќе во второто коло. Гркот кој е 20. носител во Париз, беше елиминиран од Италијанецот Матео Џиганте кој во моментов се наоѓа на 167. позиција на АТП листата.
Џиганте славеше со 3-1, по сетови 6-4, 5-7, 6-2 и 6-4. Џиганте во третото коло ќе игра против Американецот Бен Шелтон. Шелтон без борба се пласираше во третото коло откако Хуго Гастон го предаде мечот.
Победникот од мечот Џиганте – Шелтон во осминафиналето најверојатно оди на Карлос Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

