По само неколку месеци од доаѓањето, Блажески си поднесе оставка од претседателската функција на Тетекс

По катастрофалниот старт на сезоната во Втората македонска фудбалска лига, и по само неколку месеци откако го презеде раководењето со клубот, првиот човек Мирче Блажески си поднесе неотповиклива оставка.

Раководството на Тетекс на чело со Мирче Блажески и Бојан Захариев на стартот од сезоната се појавија во Тетекс со најава за стабилизација на клубот и враќање на неговите славни денови. Но, ништо од тоа не беше исполнето. Па, сега следи оставката на претседателот Блажески.

„Јас Мирче Блажески давам неотповиклива оставка на функцијата претседател на ФК ТЕТЕКС 1953. Од преземањето на клубот јас и мојот тим се соочивме со големи проблеми, затекнавме исклучена струја во клупските простории и мноштво неплатени фактури, исто така се соочивме со неисполнување на ветеното од страна на човекот кој што влезе во клубот како спонзор во сенка. Ни беа ветени 5.000 евра секој месец односно вкупно 50.000 евра за целата сезона а не добивме ниту фенинг. Имавме и уште една надеж која се појави исто така со 5.000 евра месечно но и таа работа пропадна, се соочивме со беспарица, од страна на клучните фудбалери се соочивме со штрајк се додека не им се исплати плата, се воведовме во ќорсокак и моравме да најдеме нов спонзор кој што ќе гарантира стабилност на клубот.  Истиот го пронајдовме и го предадовме клубот на управување. Сакам да се заблагодарам на сите оние кои ми даваа подршка, на оние кои ми ја даваа подршката а потоа ја повлекоа и на крај исто така сакам да им се заблагодарам и на оние кои не ми даваа подршка и работеа против интересите на клубот. На новото раководство им посакувам многу успех понатаму и да даде Господ да го остварат сонот на ВОЈВОДИТЕ да еден ден ФК ТЕТЕКС се врати во Прва лига онаму каде што му е местото. Со почит!“ – се вели во изјавата на Мирче Блажески.

Се вчитува...