По само седум дена го напушти клубот од Шведска, бидејќи му било ладно

Неверојатна приказна ни доаѓа од Шведска. Напаѓачот од Сиера Леоне Муса Ноа Камара го раскина договорот во важност од три и пол години кој го потпиша со Трелеборг. Во официјалното соопштение од клубот стои, дека тој заминал поради лични причини, а самиот фудбалер потврди дека е тоа поради ладното време во Шведска, на кое не успеал да се навикне.

Mинатата сезона Камара беше најдобар стрелец во првенствотот на Сиера Леоне, каде постигна 15 гола, со што им помогна на Ист Енд Лајонс да ја освојат титулата.

 

Се вчитува...