По шокантното реми со Брајтон, Арсенал се раздели со својот дефанзивец

Арсенал имаше еден од најбурните преодни рокови во последните години, откако Микел Артета се реши да го обновнува тимот во сите позиции. Така од клубот си заминаа Емил Смит Роу, Арон Рамсдејл и Еди Нкетиа, а си заминаа и Реис Нелсон, Фабио Виериа и Самби Локонга.

Топчиите се засилија со Раја, Калафиори и Мерино, а беше доведен и Стерлинг. После ремито со Брајтон и првиот „кикс“ на Арсенал, се решија да се разделат со уште еден фудбалер. Станува збор за дефанзивецот Омар Рекик, кон никогаш не успее да се наметне и да конкурира за првиот тим на „топчиите“, иако своевремено беше најавуван како еден од најдобрите дефанзивци.

Во минатото беше дел од Феенорд, Манчестер Сити, а играше и во Виган. Тој како слободен агент си заминува од клубот. Минатата полусезона играше во Сервет како позајмен играч.

Тој нстапуваше за младите селекции на Холандија, но се одлучи да игра за сениорите на Тунис, за кои има одиграно три меча.

Се вчитува...