По Синер, падна и Медведев: Бублик е шампион во Хале

Казахстанскиот тенисер со руско потекло, Александар Бублик, е новиот шампион на АТП турнирот од серијата 500 во Хале, Германија.

Бублик во финалето го победи Русинот Данил Медведев во два сета, со 6-3, 7-6 (4) и со тоа го освои петтиот трофеј во својата кариера.

Откако претходно, уште во четвртфиналето го елиминираше Јаник Синер, сега умешно го реши и еден од најдобрите светски тенисери Данил Медведев за нов трофеј во кариерата.

Се вчитува...