По синоќешните евро-квалификации: Македонија и дефинитивно во бараж за СП 2026!

Македонската репрезентација, по синоќа одиграните натпревари во евро-квалификациите за пласман на Светското првенство 2026, веќе и дефинитивно има обезбедено бараж, преку остварувањето во Лигата на нациите, за место на Мундијалот следната година во САД, Канада и Мексико.

Согласно резултатите на останатите национални тимови кои се борат за бараж за СП 2026, Македонија од синоќа според резултатските показатели веќе 100% е во баражот за Мундијалот, по освојувањето на првото место во групата во Лигата на нациите со извонредни 16 бода.

Македонија, по вчерашните дуели во квалификациите, заедно со Чешка, Шведска и Велс се со 100% веројатност, или сигурни, за баражот.

За избраниците на Благоја Милевски, низ актуелниот квалификациски циклус, останува во ноември уште последниот натпревар против Велс преку кој Македонија, најверојатно и со реми, ќе се избори за втората позиција на табелата.

Второто место од актуелната квалификациска група единствено би ни донело поповолна позиција во квалитативните шешири за баражот за СП 2026. Доколку Македонија го освои второто место во групата пред Велс, најверојатно ждрепката за баражот ќе ја очекува од третиот шешир добивајќи притоа противник од вториот квалитативен шешир, а ако остане на актуелната ситуација со обезбеден бараж преку Лигата на нациите, тогаш ждрепката ќе ја очекува од четвртиот квалитативен шешир и во полуфиналето ќе добие противник од првиот шешир.

 

Се вчитува...