Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски по вчерашната спектакуларна ноќ на „Максимир“ во која Адеми се збогуваше од дресот на „модрите“, денеска се приклучија на националниот тим на подготовките за првиот натпревар против Малта (23. март во Скопје) во квалификациите за ЕП 2024.
Ристовски и Адеми во хотелот „Хилтон“ во Скопје беа пречекани од претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, спортскиот директор на репрезентацијата, Дени Масев како и селекторот Благоја Милевски.
Првите разговори секако беа повторно во знакот на Адеми и неговиот последен дуел во дресот на Динамо Загреб. По репрезентативниот собир Адеми продолжува во Кина каде ќе ја продолжи својата кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА