По стапките на Лазаров: Енди Шмид ќе биде селектор на Швајцарија

По отказот на селекторот Сутер, Швајцарија има нов селектор. Тоа е довчерашниот капитен, легендарниот Енди Шмид кој тргнува по стапките на македонската ракометна легенда Кирил Лазаров.

Тој ќе дебитира на пријателскиот натпревар против Данска, а потоа ќе ја води Швајцарија во баражот за СП 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка против Словенија.

Шмид за Швајцарија одигра 218 натпревари и постигна повеќе од 1.000 голови, а пет пати беше прогласуван за најдобар играч во германската Бундеслига. Во својата клупска кариера играше за Грасхопер, Амиситија, Силкеборг, Рајн Некар Ловен (12 години) и Криенс-Луцерн, а својот последен натпревар во дресот на Швајцарија го имаше во поразот од Македонија на ЕП 2024 година.

Тој освои десет клупски трофеи, вклучувајќи го и Купот на ЕХФ во 2013 година.

Се вчитува...