По стапките на татко му и дедо му, Алонсо конечно повикан во репрезентацијата на Шпанија

Левиот бек на Челси, Маркос Алонсо, ја продолжува традицијата во неговото семејтсво. По неговиот татко и дедо, сега и тој ќе добие шанса да го носи репрезентативниот дрес на Шпанија.

Алонсо конечно добива заслужен повик од селекторот Хулен Лопетеги, практично го презема местото на бекот на Арсенал, Начо Монреал. Неговите татко и дедо своевремено ги бранеа боите на „црвената фурија“ додека настапуваа за Реал Мадрид, односно Барселона и Атлетико Мадрид. Алонсо пак, започна од акаденијата на Реал, но дури преку Болтон, Сандерленд, Фиорентина, па сега Челси, конечно го дочека заслужениот повик.

Покрај Алонсо, прв пат во репрезентацијата се повикани Дани Парехо од Валенсија и Родри од Вилјареал, додека другиот Шпанец од Челси, Алваро Мората го загуби местото, а наместо него повторно ќе игра екс-напаѓачот на „сините“, сегашен член на Атлетико, Диего Коста.

 

Се вчитува...