По Терзиќ и Хумелс си замина од Борусија Дортмунд

Одличниот дефанзивец, Матс Хумелс нема да го продолжи договорот со Борусија Дортмунд. Оваа одлука Хумелс ја донел само еден ден откако тренерот Един Терзиќ поднесе оставка.

Медиумите шпекулираа дека Хумелс и Терзиќ се степале, а Хумелс поставил ултиматум или тој да оди или Терзиќ. На крајот и двајцата си заминаа.

Хумелс играше за Дортмунд од 2008 до 2016 година и сега од 2019 до 2024 година. Трите години помеѓу го носеше дресот на Баерн Минхен.

Не е познато каде ќе ја продолжи кариерата иако има понуди од Саудиска Арабија и американската МЛС лига.

Се вчитува...