По тешкиот нокаут: Фергусон се уште е во топ 10!?

Американскиот ММА борец Тони Фергусон е еден од најголемите во историјата на лесна категорија (до 70 килограми) во УФЦ. Тој еднаш имаше импресивна серија од 12 победи, а беше предизвикувач и за титулата шампион, но никогаш не стигна до појасот.

Сепак, во оваа фаза од кариерата, многумина веруваат дека би можел да размислува за заминување од елитната промоција. Тони е во серија од четири порази, од кои последниот минатиот викенд против Мајкл Чендлер. Тоа беше исклучително атрактивен нокаут. Претходно во доминантните настапи подобри од Фергусон беа Џастин Гејџ, „шампионот без појас“ Чарлс Оливеира и Бенил Дариус.

„Сите ме прашуваа пред борбата дали ќе биде крајот за Тони доколку загуби. На сите им реков дека нема. Тој се уште е еден од најдобрите борци во светот, меѓу првите пет или десет во својата категорија. Изгледаше одлично во првата рунда, но потоа беше ‘жртва’ на страшен нокаут. Сега треба да паузира по овој меч. Но, никој не може да каже дека Тони изгледаше како да не припаѓа во октагонот на УФЦ, напротив. Беше многу добар, но тој удар го совлада. Тоа е таков спорт, може секому да му се случи“, изјави претседателот на УФЦ, Дејна Вајт.

Тони Фергусон (38) е дел од УФЦ од 2011 година, а познато е „проклетството“ на неговата борба со Хабиб Нурмагомедов, која беше закажана дури пет пати, но од различни причини секогаш мораше да се одложува.

 

 

 

Се вчитува...