Горан Пандев и Џенова нема да ја отворат новата сезона во „Серија А“ викендов по одлуката натпреварот на овој тим, на гостувањето против Милан да биде одложен.
Фиорентина испрати барање сите средби од првото коло да бидат презакажани поради големата трагедија во која при уривањето на место во Џенова животот го загубија најмалку 39 лица. По разгледувањето на неколку опции, челниците на Италијанската Фудбалска Федерација решија одложени да бидат само средбите на двата клуба од Џенова, односно дуелите Сампдорија – Фиоретина и Милан – Џенова.
Според планот ќе се одиграат останатите осум натпревари од првото коло: Киево – Јувентус, Лацио – Наполи, Торино – Рома, Болоња – СПАЛ, Емполи – Калјари, Парма – Удинезе, Сасуоло – Интер и Аталанта – Фросиноне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА