Бразилскиот фудбалер Касемиро го растури легендарното трио на Реал Мадрид, кое уште беше составено од Тони Крос и Лука Модриќ, откако потпиша за Јунајтед.
Крос наскоро би можел да го напушти Мадрид и да се пресели во Манчестер, но овојпат да му биде ривал на Касемиро.
Германецот е на листата со желби на тренерот Пеп Гвардиола, кој планира да го купи искусниот фудбалер за врска, кој претходно најави дека сака да си замине, вака барем пренесуваат медиумите од Англија.
Искусниот фудбалер ја почна кариерата во Баерн, по што беше во Баер Леверкузен на позајмица, а потоа се пресели во Реал Мадрид, каде што стана еден од најдобрите во свет.
Крос за Германија настапи на 106 меча и постигна 17 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

