Поранешниот НБА кошаркар Нејт Робинсон откри детали за неговото закрепнување од бубрежна инсуфициенција и како се променил неговиот поглед кон светот по успешната трансплантација.
Робинсон помина 11 сезони во НБА играјќи за осум франшизи. Тој беше пик во првата рунда во 2005 година, а по заминувањето од НБА играше во развојната лига, шампионатот БИГ 3, Хапоел Тел Авив во Венецуела и Либан.
„Добро сум. Напредувам, се чувствувам подобро. Добив нова шанса за живот и сè правам со полни гради. Уживам во друштвото на моите деца, но и во животот воопшто“, изјави Робинсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА