Кире Лазаров е најдобриот стрелец на 25.Светско првенство во Франција. Со 50 гола на шесте натпревари што ги одигра македонската репрезентација на овој мундијал, Лазаров беше недостижен за конкурентите, иако дел од нив и по три натпревари повеќе.За македонскиот капитен кој е актуелен рекордер на европските и на светските првенства, ова е трето вакво врвно попстигнување на светските и на европските првенства. Првата голгетерска титула на големите натпревари, Лазаров ја освои на СП 2009 во Хрватска на која постави нов рекорд на ракометните мундијали со 92 погодоци од девет натпревари.Три години подоцна, на ЕП 2012 во Србија, македонскиот капитен стана и рекордер на европските шампионати по бројот на постигнати голови, завршувајќи го настапот со 61 гол.Зад нашиот капитен на второто местои на голгетерската листа е репрезентативецот на Ангола, Авелино Лопез со 47 гола, а на делба на третото место по настапот на Норвешка во големото финале против Франција, стигна Норвежанецот Кристијан Бјорнсен со 45 гола исто колку што има и Тунижанецот Амин Банур.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА