Цела една деценија Златан Ибрахимовиќ последователно, почнувајќи од 2007 година, го добиваше признанието за најдобар фудбалер на Шведска, но оваа година тоа му припадна на дефанзивецот Андреас Гранквист. Како што е познато, Ибрахимовиќ долг период беше повреден, не настапуваше од април, па се до изминатиот викенд кога се врати на фудбалските терени.
Гранквист настапува за рускиот Краснодар, а го носи и дресот на шведската фудбалска репрезентација која обезбеди пласман на СП елиминирајќи ја Италија во баражот.
Последен пат друг играч освен Златан Ибрахимовиќ кој ја добил оваа награда беше Фредерик Љунберг во далечната 2006 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА