Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 17 години за првпат во својата историја обезбеди место меѓу најдобрите 32 селекции во Европа кои на пролет следната година ќе играат во елитните квалификации за ЕП.
Токму по овој успех, селекторот Горан Станиќ на заеднички собир им се заблагодари на колегите за поддршката во досегашната работа со селекцијата до 17 години најавувајќи и посакувајќи успеси и во иднина.
Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски на средбата со селекторите и тренерите од младинските селекции посакува и во останатите генерации да следат успеси, притоа најавувајќи и премии за секој ваков резултат. Премија сега ќе добие селекцијата до 17 години, како мотив плус за она што ги очекува за шест месеци во елитните квалификации…
На пица кај Станиќ from Football Federation of Macedonia on Vimeo.
Следна активност на младинските селекции е онаа до 19 години, предводена од Вујадин Станојковиќ, која од 8. ноември ја почнува првата фаза од квалификациите за Европско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА