По загубата на Каиседо и Лавија, Ливерпул се врти кон играч на Баерн Минхен

Моисес Каиседо и Ромео Лавија го одбраа Челси, иако Ливерпул беше силно заинтересиран, па така Јирген Клоп сега е во потрага по нови играчи во средниот ред.

„Црвените“ се обратија до Баерн Минхен за трансфер на холандскиот репрезентативец Рајан Гравенберх, кој не е стандарден во дресот на германскиот првак.

21-годишниот Холанѓанец одговара на профилот на играчот кој Клоп го бара. Минатото лето пристигна од Ајакс за 18,5 милиони евра, а веројатно „црвените“ ќе се обидат со 30 милиони евра да го ангажираат.

Гравенберх има 11 настапи за репрезентацијата на Холандија.

Се вчитува...