По Жиру, уште еден ветеран си замина од Милан

Централниот дефанзивец на Милан, Симон Кјaер потврди дека ги напушта Росонерите на крајот од сезоната и изрази благодарност до клубот и навивачите на тимот. 35-годишниот Данец помина четири и пол години на Сан Сиро, забележа 120 настапи за Милан и ја освои шампионската титула во сезоната 2021/22.

Неговиот договор истекува на крајот од тековната сезона и нема да биде обновен.

„Ова е вистинско време да се збогуваме. Ви благодарам на сите. Ова е мојот клуб, мое место и секогаш ќе биде. Беше чест да играм за него. Времето поминато овде за мене е гордост и остварување на сонот. Кога ќе ја завршам кариерата, ќе се вратам во Милано со моето семејство бидејќи ова е мојот дом“, изјави Кјaер за клупската телевизија на Милан.

Се вчитува...