Победа го доведе Бразилецот Лукас Силва Жуниор

Прилепскиот прволигаш Победа успеа да доведе уште едно засилување во пресрет на стартот на пролетниот дел од првенството во Првата лига. Новото раководство одигледно дека не остава ништо на случајноста и сака да формира квалитетен состав за прволигашките искушенија. За таа цел доведен е Бразилецот Лукас Силва Сантос Жуниор, кој треба да ја засили офанзивната линија на тимот.

Бразилскиот интернационалец синоќа пристигна во Прилеп, го потпиша договорот со Победа, а попладнево со своите нови соиграчи го одработи и првиот тренинг во новиот клуб.

Лукас беше желба на Победа на стартот на преодниот рок, а трансферот успеа да се реализира пред истекот на зимскиот преоден рок. Откако се покажа во добро светло, одработи подготовки со српскиот прволигаш Раднички Ниш во Анталија каде и одигра неколку натпревари, но не пронајде заеднички јазик околу условите, па се реши да ја прифати понудата на Победа. Се очекува со неговиот ангажман Победа да добие на инвентивност и квалитет во офанизивниот дел од тимот, оној препознатллив бразилски шмек на кој прилепчани во 90-тите години ги навикнаа покојниот Оливеира и Жилсон. Силва, кој е полушпиц, настапувал за Арсенал МГ и Униао Лусензе.

Победа исто така го доведе и Александар Исаевски, 23-годишниот фудбалер кој игра на левата странична позиција, а доаѓа од Македонија ЃП.

Се вчитува...