Победа го официјализираше Тоше Делов (ФОТО)

Повратникот во прволигашкото друштво прилепска Победа го официјализира ангажманот на искусниот дефанзивец Методија Тоше Делов.

29-годишниот централен дефанзивец се очекува да биде еден од столбовите на одбраната на прилепските црвено-бели во новата повратничка прволигашка сезона.

Делов во Победа доаѓа од прволигашот Тиквеш а во кариерата настапувал и за Кожуф и Вардар Неготино, а една сезона како интернационалец и во Бугарија.

Се вчитува...