Победа го освојува Штип за опстанок, Ренова и Силекс бркаат последен воз за Европа

Победа е во победнички налет и сака да го искористи својот амбиент за да обезбеди директен опстанок во елитата. Во тоа и помага и Шкупи, кој се наоѓа на седмото место на табелата, но сега само со еден бод предност пред прилепскиот прволигаш. Шкупи вчера загуби под „Тумбе кафе“ од Пелистер (1-0), па Победа има убава шанса со евентуален триумф денеска против Брегалница во Штип да го прескокне на табелата.

Најавено е и дека околу 300 членови на навивачката група „Мајмуни“ ќе отпатуваат за Штип, за да го бодрат својот тим во желбата да ја оствари целта. Брегалница е на работ од бездната и само чудо може да го спаси штипскиот прволигаш да опстане во елитното друштво.

Во Тетово, Ренова и Силекс ќе ги одмерат силите барајќи го последниот воз за излез во Европа. Четвртопласираниот Пелистер побегна на 51 бод, а „гипсарите“ со евентуален триумф ќе ја продолжат потерата по битолскиот тим. Силекс има малку потешка задача, но и избраниците на Жикица Тасевски се уште имаат високи амбиции.

Во фокусот сепак ќе биде градското дерби меѓу Работнички и Вардар, а Шкендија со новиот тренер Ерхан Селими ќе ги одмери силите со Македонија ЃП.

ДВОЈКИ – ПРВА ЛИГА, 33.КОЛОБРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДАРЕНОВА – СИЛЕКСРАБОТНИЧКИ – ВАРДАРМАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈАВЧЕРА: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 1-0

Се вчитува...