Победа го шокираше Силекс во Кратово, Шкупи ја освои Струмица, Шкендија и Брегалница без голови (ВИДЕО)

Само три погодоци во четирите денешни натпревари од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига, во кое вистинско изненадување приреди прилепска Победа која со 0-3 славеше на гостувањето против Силекс во Кратово.

Шкупи, и покрај тоа што играше со фудбалер помалку, со 0-1 славеше на гостувањето против Академија Пандев во дуелот на двајцата поранешни соработници од Вардар, Александар Васоски и Гоце Седлоски. Реми без голови на дуелот меѓу Шкендија и Брегалница во Тетово.

Победа до победата од 0-3 против Силекс дојде со головите на Стомнаровски во 45. минута, на Петејчук во 90. минута и на Паноски во 93. минута.



Шкупи, пак, до триумфот во Струмица дојде со голот на Диене во 53. минута од средбата. Чаирчани уште од 35. минута играа со играч помалу.

Шкендија и Брегалница одиграа одличен натпревар со бројни шанси и на двете страни, но одлични беа голманите Захов и Шчекиќ, па на крајот дуелот заврши без голови. Исто како и натпреварот меѓу Скопје и Работнички во Автокоманда.

ПМФЛ – 10. КОЛО
Скопје: СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ 0-0
Тетово: ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА 0-0
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ 0-1
Диене 53′
Кратово: СИЛЕКС – ПОБЕДА 0-3
Стомнаровски 45′, Петејчук 90′, Паноски 90’+3
ВЧЕРА
Кавадарци: ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 4-0
СТРУГА ТЛ – слободна

Се вчитува...