Ракометарите на Охрид се во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, откако и на реваншот го победија тимот на Олимпијакос со 25-24, и така да обезбедат место меѓу најдобрите четири тима во ова натпреварување. Во првиот меч во Атина, Охрид славеше со пет голови разлика.
Олимпијакос успеа само да поведе на почетокот, а потоа Охрид да стигне до предност од три гола на неколку пати, за на полувреме да замине со предност од 14-12.
Во второто полувреме грчкиот тим отиде на се или ништо, па во еден момент грчкиот тим дури имаше и предност, но не повеќе од еден гол. Меѓутоа охриѓани брзо се вратија во предност, за на крајот да слават триумф и на реваншот, и со своите навивачи да прослават пласман во полуфиналето.
Најефикасен кај Охрид беше Иванковиќ со осум голови, Јагуриноски постигна четири. Кај Олимпијакос Савас постигна пет голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

