Победа и Пелистер беа до Турново, ’братски’ се разделија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пелагониските ривали Победа и Пелистер, кои мака мачат со своите стадиони, дочекаа да играат прволигашки меч во Турново. И двете екипи со речиси комплетно реновирани состави влегуваат во пролетната полусезона, а имаа речиси слични амбиции – да ја избегнат опасната зона на табелата во Првата лига и да се преселат кон помирни води. на премиерата, ремизираа 1-1 во меѓусебен дуел.

Борче Маневски го доведе Пелистер во водство, по две минути возврати Зоран Даноски, а и двете екипи немаа сили за конечен удар и освојување на трите бода. ’Братски’ се разделија, и назад – кон Пелагонија.

 

 

Се вчитува...